Димитриески: На располагање сме на било која власт кога се во прашање државните интереси

Максим Димитриевски и ЗНАМ велат дека ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државни национални интереси. Тој е дециден дека нема да коалицира со ДУИ   додека партијата не претпри реформи.

Димитриевски кажа дека нивните црвени линии се дефинирани во предизборната програма и строго ќе се држат до нив.

За тоа дали ќе остане градоначалник на Куманово или размислува за трансфер во Владата, Димитриевски одговори дека нема никакви размислувања, но ќе остане доследен на ветувањата на кумановци. Тој кажа дека ЗНАМ испиша историја.