„За претседателските избори нема бојкот, за претседател гласаа и сите што излегоа на парламентарни“, изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Според информациите на ДИК до 9 часот излезноста за претсесдателските избори е 4,17 %., а за парламентарните одзивот е 4,45 проценти од гласачите.

Излезеноста на претседателските избори во општини каде доминира албанско население е помала, но воочлива, јавува 360 стрепени.

На некои избирачки места се појавија технички проблеми кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стариот начин со УВ ламба и спреј и доколку се отстранат техничките недостатоци ќе се продолжи со техничка опрема. Вакви случаи има во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и Гази Баба, пренесува „Телеграфи„.

Според Даштевски досега биле поднесени 15 приговори за прекршување на избирачко право, а три биле одбиени.