Во синоќешното гостување на телевизија Телма, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

„Мислам дека другите потписи се од ВЛРН и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби, рече Бектеши.