Д-р Таравари им препорача лек за болка „Ефридол“ на „Европскиот фронт“, му возврати на Груби за истиот лек и за куферите!

„Арбен Таравари се појави со ‘Ефридол’ во раце, им го препорача на Европскиот фронт!“ – објави вечерва ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „На прославата на албанската коалиција „Вреди“ во Тетово Арбен Таравари се појави со ‘Ефридол’ пред толпата во моменти кога се случуваше голема еуфорија. На прославата беа присутни и лидерот на Беса Билал Касами и лидерот на Алернатива Африм Гаши.“

Инаку, „Ефридол“ е лек за смирување болка. Со овој симболичен потег Таравари му возврати директно на Артан Груби од ДУИ, кој на 30 март годинава со заканувачки тон, но и со подбив, порача дека ДУИ „има за албанската опозиција универзален лек за смирување“ и тогаш тој ним им го препорача токму „Ефридол“, кој Таравари сега нему и на неговите сопартијци-„интегристи“ им го препишува како лекар-психијатар. Исто така, лекот против „послеизборната болка“ Таравари му го препорача лично и поодделно на Груби, возвраќајќи му и за куферите, кои Груби им го понуди пред изборите на албанската коалиција „Вреди“.