Во првата испорака на помш за Украина, од одобрениете 61 милијарда долари, нема да бидат и системите за лансирање на ракети „Патриот“ – токму тоа што најмногу го бара Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „патриотите“ се итно потребни за да и помогнат на Украина да се справи со растечката руска воздушна закана и дека тие „може и треба да спасуваат животи во моментов“.

Пакетот помош од 60 милијарди долари е потпишан од американскиот претседател Џо Бајден во средата, и вклучува и милијарда долари непосредна помош.

Амаериканскиот министер за одбрана Лојд Остин на прес-конференција рече дека САД се обврзуваат испораката да почне веднаш.

Ова би вклучувало муниција за противвоздушна одбрана, системи против беспилотни летала и артилериска муниција, но не и ракетни системи „Патриот“.

„Ним (Украинците) не им требаат само патриоти, туку и други видови системи и пресретнувачи“, рече Остин.
„Би ве предупредил сите да не гледаме на Патриотите како на магично решение“, додаде тој.