Ахмети: Со топ му одговорив на огнометот на Мицкоски! – Р*М ќе влезе во ЕУ со поддршка од САД

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа на завршниот митинг на ‘Европскиот фронт’ рече дека на * Македонија ѝ е местото во ЕУ и оти напразно мислат оние, кои сакаат да ја запрат нејзината заевропска иднина.“ – објави ТВ Клан Македонија.

ТВ Клан Македонија ја пренесува изјавата на Али Ахмети: „Одовде испраќаме порака дека овој толку етаблиран Европски фронт има историска мисија да ја зачлени земјата во ЕУ. Јас никогаш не сум кажувал нешто, што не сум можел да го направам. Денес сум уште посилен со моите браќа од Европскиот фронт дека местото на оваа земја ѝ е во ЕУ. Таа треба да биде зачленета во ЕУ со поддршка од САД, така како што се зачленивме и во НАТО. Мицкоски испука огномет, но јас му одговорив со топ и тој повеќе нема со што да пука! За нас од Европскиот фронт е света работа земјата да чекори напред и напразно се обидуваат силите, кои сакаат да не запрат.“