Зошто Македонија прифатила Erga omnes, открива премиерот

Во отворена програма на Телма премиерот Заев откри зошто Македонија го прифатила принципот Erga Omnes односно земјата да има едно име за сите употреби, и надвор и дома и во уставот и во документите.

Според него доколку земјата имала две имиња за надвор и за по дома тоа ќе било основа за тензии со Грција во иднина.

“Го прифативме грчкиот аргумент дека едно име за дома и едно за надвор ќе било подлога за идни конфликти”, изјави премиерот според кого ова бил најдобриот можен договор затоа што никој во иднина во Грција нема да ни учини подобар договор за нас.

Премиерот Заев го употреби зборот учини во изјавата но не објасни што точно Грција и премиерот Ципрас “учиниле”за Македонија.