„ЗНАМ“ е името на партијата на Максим Димитриевски

“Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија”, на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе биде промовирано како нов субјект на политичката сцена во понеделник (09 октомври 2023 година) со почеток во 20 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје.

ЗНАМ има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија, велат иницијаторите.

На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.