Заев: Сепарираме две прашања со Грција

Македонскиот премиер Зоран Заев вели дека во моментов се води процес на сепарација на два вида прашања меѓу Македонија и Грција.

Во радио изјава за Би – Би – Си Заев вели дека името е стар сензитивен проблем почнат за време на пригласувањето независност пред 25 години и дека Грција не го признава уставното име на Македонија.

Премиерот вели дека двете земји имаат добри односи меѓу граѓаните, туризам и трговија но во политичкиот дел добриот јужен сосед Грција не го признава уставното име на Македонија и затоа сега се води процес за сепарација на овие две прашања.

Во изјавата за британскиот јавен сервис Заев вели дека 70 дури и 80 % од македонските граѓани сакаат влез во Нато и ЕУ.

Во вториот дел од радио емисијата кој не е поврзан со прашањето за името Македонија ББЦ објавува колку е тешко за компаниите и правните субјекти да изградат брендови и колкави трошоци имаат за да просперираат ако мораат да го променат своето име.

Целата емисија на следниов линк