Заев му честиташе на добитникот на Нобелова награда за мир

Искрени и најсрдечни честитки за добивањето на најпрестижната награда – Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија Аби Ахмед, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, инаку еден од номинираните за најпрестижната награда на Нобеловиот комитет.

Македонскиот премиер ѝ се заблагодари на Уидед Бушамауи, поранешна добитничкас на „Небел за мир“ која заедно со ФОН Универзитет ги номинираа македонскиот и грчкиот премиер за Нобелова награда за мир по постигнатиот Преспански договор.