Во среда одлука за жалбата на Русковска

Во среда на седница на Советот на јавните обвинители ќе биде разгледана жалбата на обвинителката Вилма Русковска, која неодамна беше суспендирана.

-Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска, се наведува во дневниот ред на Советот на јавните Обвинители.

Одлуката за суспензија ја донесе републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Поточно, тој донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.