Во Чаир забpaнет влез на набљудувачи од Алијанса за Албанците

До редакцијата на Инфомакс пристигнале информации за нови изборни нерегуларности овој пат во скопски Чаир каде во вториот круг се борат кандидатот на Алијансата за Албанците и ДУИ, но се гласа и за градоначалник на Град Скопје.

Имено според извори на Инфомакс на неколкумина набљудувачи од партијата Алијанса за Албанците им е забранет влез на гласачко место и се оневозможени да го следат изборниот процес.

Се работи за избирачко место во Серава, Чаир.

Ваквата постапка фрла сомнеж на целиот изборен процес во оваа скопска населба.