Вицепремиерот за корупција не ветува правда секогаш туку само повеќе и почесто

Иако не го спомна скандалот и пресудата за Сашо Мијалков, вицепремиерот за борба со корупција и криминал Љупчо Николовски објави дека правдата била тука а ќе ја имало се почесто.

“Правдата е тука, ќе ја има се повеќе и се почесто!”, пишува Николовски во пост кој дава впечаток дека вицепремиерот не ветува правда постојано секој ден за секој случај туку само во поголем обем и поголема фрекфенција.

Николовски не открива кој ќе решава кога ќе има правда а кога ќе нема.

Додека е тој вицепремиер надлежен за битка со корупцијата и генсек на владеачката партија Македонија дојде на катастрофалното 111 место на најкорумпираните земји на светот.