Искршен автомобил на скопски градоначалник борец против урбаната мафија (ФОТО)

Вечерва “непознати сторители” го обија мојот автомобил нанесувајќи материјалнa штета 🙂

Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени).
Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.
Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните 🙂

Ова е првичната реакција по кршењето на автомобилот на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ кој поништи неколку предходни одлуки за антиеколошки и антиурбани градежни објекти и влезе во војна со урбаната мафија.

,,Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!

На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил”, пишува Георгиевски во реакцијата до јавноста но и до тие чиј идентитет тој најверојатно може да го претпостави.

,,Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот”, им порачува Георгиевски на напаѓачите.

Со низа активности во интерес на граѓаните откако стана градоначалник Георгиевски стана еден од најпопуларните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.