Уште 21 лице почина од Ковид-19, нови 284

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19.

Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 449 оздравени.