Украина за два-три месеци ќе добие ловци Ф-16!?

Во Украина наскоро ќе бидат во употреба борбените авиони Ф-16, бидејќи пилотите на Вооружените сили на Украина веќе го совладаа овој тип на опрема, изјави поранешниот командант на полските копнени сили, генерал Валдемар Скрипчак.

Тој вели дека сега меѓународните партнери на Украина мора да одлучат кој од нив е подготвен да ги пренесе авионите.

„САД имаат многу ловци од овој тип во пустината Аризона и можат да ги пренесат.

Според мене, за два или три месеци Украина ќе има Ф-16, бидејќи украинските пилоти несомнено се веќе подготвени да управуваат со нив“, рече тој.

Претходно беше објавено дека Украина веќе го формирала првиот список на пилоти за обука на Ф-16.