Учебниците полни со говор на омраза и меѓуетничка тензија: Најнова позиција на СДСМ (ВИДЕО)

По жестокиот отпор кај граѓаните да прифатат образование за учениците без печатени учебници младите членови на СДСМ од Социјалдемократската младина објавија дека причината за укинување на печатените книги било и тоа што учебниците се полни со говор на омраза, дискриминација, меѓуетничка тензија.

Во објавата на Твитер од СДММ која што не го дава името на членката на СДСМ која ги брани позициите на министерката Мила Царовска има повеќе нејаснотии кои не се соодветно објаснети.

“Со новиот закон за учебници ги следиме современите образовни трендови, правиме промени за да држиме чекор со сите европски земји кои забрзано ги дигитализираат своите општества”, се вели во изјавата на неименуваната портпаролка на СДСМ/СДММ.

Со изјавата на СДСМ се зголемуваат стравовите дека промената на учебниците не се прави за реформа на образованието туку за да се олесни промената на содржината согласно барањата на соседите.