Твит на денот: Димитров молчел 16 секунди во Стразбур. Власта молчи 3 недели за Тетово, па никому ништо

„Кичевчанецот“ во објавата на денот на Твитер ги спои молчењето на вицепремиерот Никола Димитров пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во знак на револт за блокираната евроинтеграција на Македонија со молчењето на Владата чиј член е за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој однесе 14 животи.