Нападите врз Јанакиески и Ристовски во притворското одделение во затворот во Шуто Оризари, може негативно да се одрази на барањето на Македонија за екстрадиција на екс премиерот, Никола Груевски, смета адвокатот Александар Тортевски, според 24 вести. .

Обвинителката, Вилма Русковска, најави дека ќе го прошири барањето за екстрадиција на Груевски, откако екс премиерот се најде меѓу осомничените за организација на упадот во Собранието.

„Унгарија ќе треба да одлучи дали да екстрадира осомничен за тероризам, а инцидентот во затворот – вели Тортевски – може да биде само аргумент кој му оди на Груевски во прилог#.

Како причина зошто беше одбиено претходното барање за екстрадиција,Унгарија ги посочи лошите услови во затворите во Македонија.