Од милениче на Груевски до спасител на СДСМ 😉
Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат мазут. Поголемиот дел од мазутот на РКМ му го продава скопска ОКТА која самата не се пријавија на тендерот бидејќи условите биле тешки.
Вака членот на тимот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска ја најавува сторијата за најголемата државна набавка на енергенси во историјата на македонската влада.
Во игра се неверојатни 112 милиони евра.
Целата сторија во која има низа нелогични и сомнителни моменти на овој линк.
Ратко Капушевски е тајниот добавувач на мазут вреден 112 милиони евра за ТЕЦ „Неготино“
По текстот во ИРЛ добиле демант од ЕСМ од каде тврдат дека добавувачот не е таен затоа што други новинари ги имале името но не го објавиле. Целата реакција на овој линк
Демант – реакција на ЕСМ за ИРЛ и одговор на ИРЛ на демантот на ЕСМ
Фото ИРЛ