Адвокатка тврди: Судот прогласил за виновни за сторена клевета уредничка и македонски медиум

Истражувачка репортерска лабораторија, ИРЛ – на која главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска и официјално се виновни за сторена клевета против правното лице „Б Инженеринг“, се вели во соопштението од адвокатка Бенита Белешкова.

,,Основниот суд во Скопје донесе пресуда, која ја потврди Апелациониот суд со која ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се веќе осудени за сторена клевета. Со оваа правосилна пресуда е потврдено дека објавената емисија наречена „Оградена Иднина“ и направена од ИРЛ против П.В. е лажна, невистинита и содржи клеветнички материјали. Формално – ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се осудени дека клеветат.

Укажуваме дека новинарството е чесна и општествено значајна професија доколку се практикува во духот на вистината, секогаш информирање за две или повеќе засегнати страни. Од друга страна, укажуваме дека кога се злоупотребува новинарската професија и кога се шират невистини, станува збор за непрофесионалност која нанесува штета на граѓаните”, вели адвокатката Белешкова.

„Се утврдува граѓанска одговорност за сторена клевета на првотужениот Здружение на граѓани – Истражувачка репортерска лабораторија ИРЛ, затоа што на ден 21.05.2020 преку електронскиот медиум на неговата веб страница објавува видео сторија „Оградена Иднина“ и направил клеветење на правното лице Б Инженеринг од Крива Паланка. Судот, исто така утврдил дека ИРЛ каде главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска во нивните текстуални објави на ден 31.05.2020 година на нивната веб страница објавуваат изјава која содржи невистинити факти и претставува клевета во однос на правното лице „Б Инженеринг”, стои во правосилната пресуда против ИРЛ за клевета.

Како адвокатска канцеларија секогаш и во секоја прилика ќе го поддржуваме професионалното новинарство, но очекуваме дека секогаш и во секоја прилика и судот на истиот начин ќе ги осудува сите клеветнички натписи против граѓани и правни лица“, се вели во реакцијата на Белешкова.