Стоилковски: Колку милиони евра ќе чини дигитализацијата на Царовска

Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „во услови на епидемија, околу 25,000 деца не следат настава, иако основното и средното образование се законски задолжителни и оценува дека со проектот на дигитализација на образованието„ режимот тргна не само во одземање на минатото и на сегашноста, туку и на иднината.

„Сега Мила Царовска со поддршка на мафијата на режимот тргнаа и да ги одземат учебниците на овие деца, коишто се всушност од најранливата категорија граѓани, им ја одземаат можноста за еднаков развој и напредување, можноста да ја променат својата состојба“.

Стоилковски бара одговор од министерката Мила Царовска „дали зад овој таканаречен проект на дигитализација не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари?

И дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска?

Царовска мора да каже дали за ваков, според сите, неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми?

Почитувани, овој „дрвено железо” проект, мултимедијални содржини-аудио и видео содржини коишто би требало да можат да бидат испечатени од родителите или од училиштата, зад себе крие многу прашања, а режимот нема доблест да ги одговори.

Креирање на образование кое што креира нееднаквост меѓу децата, притоа со европско знаменце е злоупотреба на моќ и злоупотреба на вредностите. Укинување на учебници нема во ниту една земја во светот. Електронски учебници можат да бидат само помагала, но не и врз нив да се одвива сиот наставниот процес.

Ова не е реформа, ова е експеримент на мафијата на власт со иднината на децата, којшто чини 120 милиони евра, а зад којшто стојат однапред договорени фирми и сметки“, вели Стоилковски.