Србија е најголем пријател на Македонија, Бугарија најголема закана

zastava srbije - srpska zastava - srpski grb- grb srbije - 1882 - 2010 - Serbia flag

Србија и е најголем пријател на Македонија, смета убедливо мнозинство од  граѓаните според истражувањето на Центарот за европски стратегии „Евротинк“.

На прашањето која држава или меѓународна организација е најголем пријател на Македонија? – 37 отсто ја навеле Србија, втори на листата се САД со 11,4 отсто а по нив се Турција и ЕУ.

Интересно е што дури 42% од граѓаните сметаат дека има држава или меѓуанродна организација која е закана за Македонија… Од нив, со 27,4 % како најголема закана убедливо прва ја посочиле Бугарија, а втора е Русија со 4%.

Анкетата покажала и дека поддршката за членство во ЕУ паднала на 49%, а драмамтично расте процентот на луѓето кои сметаат дека Унијата не ја третира Македонија соодветно… 65% од испитаниците, или скоро третина повеќе во однос на 2021, сметаат дека ЕУ се однесува нефер, надмено и уценувачки, а процентот на луѓето кои односот на ЕУ го оценуваат како фер, пријателски и коректен паднал од 30, на само 17%.

Во истражувањето „Еврометар“, спроведено телефонски од страна на „Брима“ во декември, биле испитувани и ставовите за довербата во инситуциите.. Слично како и на останатите анкети, традиционално најдобро котираат Армијата, религиозните заедници и полицијата, а најлошо судството, обвинителството и Собранието.