“Срамотилаци”: Реакции на отсуството на министерката за одбрана на Карпалак

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска не отиде да оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак.

Таа пораката за крвавиот настан од 2001 година ја испрати преку социјалните мрежи.

“Почит кон припадниците на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај Карпалак во 2001 година”, напиша Шеќеринска на Фејсбук.

Нејзиното непојавување на Карпалак предизвика реакции по нејзината порака на социјалните мрежи.

“Ама како што гледам вие не сте таму, срамотилаци”, вели еден коментар на нејзиниот профил на Фејсбук на кој министерката не дава објаснување зошто не заминала лично да оддаде почит.

Шеќеринска беше под силни критики на јавноста откако неодамна се сликаше пред знаме на УЧК со екс командант на ОНА а сегашен градоначалник на Кичево Фатмир Дехари.

https://www.facebook.com/46479180162/posts/10157062079995163/