„Срам да ви е, грев е за децата“: Царовска доби одговор од искусен психијатар

Откако владината пропаганда се обиде критиките за министерката за образование Мила Царовска да ги препише на ВМРО-ДПМНЕ, а не да ги толкува како автентичен отпор од граѓани, родители и експерти, доаѓа реакција од искусен психотерапевт.

“Министерке Царовска…Јас..не сум партиски определена, не сум под партиски притисоци. Јас, проф.д-р Викторија Вујовик, психијатар- психотерапевт со 32 години работно искуство, не ги манипулирам родителите. Родителите ги манипулирате Вие, срам да Ви е, грев е за децата! Кои се ваши советници? Вие сте неука, трвдоглава и се чудам како опстојувате, шетајки од едно во друго министерство…”, пишува психијатарот Викторија Вујовиќ до министерката Мила Царовска која одбива да ги прифати критиките и да го смени планот за дигитализација на учебниците кои според неа треба да се заменат до компјутери.