Со „Мини шенген“ расте влијанието на САД, Брисел не е „среќен“

Бриселската администрација негативно ја оценува иницијативата „Мини Шенген“ (Отворен Балкан) и смета дека со тоа се поткопува евроинтеграцијата на регионот, дознава МКД.мк од дипломатски извори во Брисел.

Проценката на Европската комиссија била дека не треба да се поддржи оваа иницијатива затоа што се смета дека со ова се намалува стратешкото партнерство на ЕУ со Балканот и се отвора место на САД како единствен стратешки партнер со земјите од Балканот.

ЕУ ќе преземе мерки за минимизирање на оваа иницијатива, велат дипломатски извори за МКД.Мк.