Сиди: Да му ги ископаш коските на Делчев и да го наречеш поинаку од она што самиот го кажувал за себе е одвратно

Александар Сиди, еден од тројцата сопретседатели на бугарската вонпарламентарна партија ВМРО-БНД, од која е европратеникот Александар Џамбаски, по кој знае кој пат удри по „браќата“ од југозападниот дел на границата, овојпат за Гоце Делчев.

„Никаква вина немаме ниту можеме да имаме, не само ние од ВМРО, туку и бугарската држава не може да сноси вина за тоа што 80 години некој ги миел мозоците во Македонија. Да му ги ископаш коските на Гоце Делчев и да го наречеш поинаку од она што тој самиот го кажувал за себе е ужасно одвратно. Треба ли да престанеме да зборуваме дека Гоце Делчев е Бугарин? Треба ли да престанеме да зборуваме за сопствената историја?“, праша Сиди во емисијата „Добро утро Европа“ на телевизијата Евроњуз Бугарија.