Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, информираше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

За прв пат во историјата на шпанскиот парламент сенаторите глесаа он-лајн без физичко присуство на пленарната сесија. поради епидемијата од коронавирус.

Гласањето помина без ниеден глас пшротив.

Шпанија беше последна држава што требаше да ја заврши постапката за ратификација.

Со ратификацијата на пристапниот Протокол од Сенатот и неговото потпишување од страна на шпанскиот крал, ратификацискиот инструмент треба да биде депониран во Стејт Департментот.

б