Шилегов невесел на прославата на Вардар од повеќе причини (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој платил дел од трошоците за прославата на шампионската титула на Вардар беше присутен на плоштадот Македонија но не беше весел.

Најверојатно забавата му ја расипаа свирежите кога водителот зборуваше за град Скопје како спонзор на настанот но и постојаното скандирање на слоганот “Никогаш северна – само Македонија” кое е спротивно на ставот на неговата влада.

Посебен проблем за Шилегов беа знамињата со ѕвездата од Кутлеш (Вергина) кои доминираа а кои се спротивни на договорот од Преспа кој го потпиша неговата партија.

Од сличните причини веројатно не дојдоа ни премиерот Заев ниту претседателот Пендаровски кои предходно јавно честитаа на успехот на Вардар.

Сами заклучете како се чувствувал Шилегов меѓу граѓаните од видеото

https://twitter.com/thajoker_MK/status/1135684562309328896?s=19