Шилегов ги „обвини“ временските услови за проблемот со комарците!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го откри виновникот за проблемот со наездата од комарци во главниот град летово – временските услови, односно врнежите и наглото затоплување.

„Имавме сериозно долг врнежлив период, сериозно долго врнежливо лето. Наглото затоплување и сушење, всушност, претставува основа за интензивно зголемување на размножувањето на комарците“, го детектира Шилегов изворот на проблемот со кој се соочија скопјани летово, а за чие (не)решавање немаа (големо) разбирање за градските власти.

Градскиот татко до нив со уште една успокојувачка порака – да не се грижат за средството за прскање, оти не претставувало ризик за здравјето на луѓето.