Шеќеринска јавно го искара Ковачевски пред десетина луѓе (ВИДЕО)

Екс министерката за одбрана и цели три децении висок функционер на СДСМ, Радмила Шеќеринска јавно го кара лидерот на СДСМ и екс премиер Димитар Ковачевски пред десетина луѓе.

Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа дека за време на испраќањето на косовскиот премиер Албин Курти од вечера во Скопје на која бил и министерот за надворешни работи, Шеќеринска го кара Ковачевски за начинот на кој зборувал на средбата со Курти.

Шеќеринска во еден момент му пристапува на Ковачевски и налутено му вели дека не требало да зборува на англиски јазик.

,,Абе зошто на англиски збориш” му вели налутено Шеќеринска на што Ковачевски објаснува нешто на што екс министерката му одговара со ,,Ееее ….” но не се слуша јасно што кажуваат точно екс премиерот и Шеќеринска.

Од начинот на комуникација се гледа дека Ковачевски се наоѓа во дефанзивна па дури и потчинета позиција во однос на Шеќеринска.

Од видеото не може да се заклучи дали Шеќеринска се лути што Ковачевски не зборувал на српски или некој друг јазик.

Видеото е во овој текст за средбата во Скопје

Што била темата на вечерата на која биле Курти, врвот на СДСМ и Бујар Османи (ВИДЕО)