Шехтански: Саздовски бил убиен на свиреп начин (ВИДЕО)

„Да нема дефокусирање на изнесените работи во судот, да се остави судот да си ја врши работата. Вештаците дадоа исказ, тој исказ беше конкретен и во потполност со обвинителниот акт.

Неспорно е дека е сторено убиство на свиреп начин“, изјави Ванчо Шехтански, по денешното рочиште за смррта на Никола Саздовски, пренесе Макфакс.

Адвокати на одбраната се обидуваат да докажат дека Саздовскипричина за смртта било удар со глава во метална кутија.

Никола Саздовски беше претепан во јуни на автобуска станица во Автокоманда.

Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа (последниот е во бегство) сеобвинети дека со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело. Поради повредите тој бил пренесен во болница каде по 9 дена починал.