„Северџанско винце“ од Заев за Столтенберг

Премиерот Зоран Заев на денешната средба во Лондон со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на првиот човек на Алијансата му подари вино.

„ГенСек Столтенберг е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. “You will join NATO” рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон. На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино. @NATO“, објави Заев на Твитер.

„Северџанско винце, а?“, прокоментира твитерџијата „Миле Бардаклија #Бојкотирам Северна“ за натписот на етикетата „Република Северна Македонија, Министерство за одбрана“ на англиски јазик.