Сериозен удар за Пописот 2021: Ја попишал покојната мајка

Македонскиот активист и новинар Ицо Најдовски Перин ја доведе во прашање целата операција за пребројување на населението со информација која отвара многу непознаници кои можат да влијаат на веродостојноста на бројот на попишани македонски граѓани.

Перин открива дека тој без никаков проблем преку онлајн системот на Државниот завод за статистика ја попишал својата мајка која е почината.

“Ве молам споделете!
Почитувани македонци ќе се обидам да илустрирам а со тоа да докажам дека пописот не е валиден и не е легален. Имено, на овај попис може да се попишуваат и починатите лица кои се во странство. Следете ме и коментирајте и кажувајте и ваши примери дека пописот е договор на Заев со Ахмети за распределба на парите и зголемување на бројот на албанците”, објави Перин.

Тој во објавеното видео практично покажува како ја попишал својата покојна мајка.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10226476633365964&id=1348546167