СДСМ: Изјавите на Мицкоски дека бил доброволец во 2001-ва покажуваат дека е заложник на Апасиев

Владејачката СДСМ реагира на изјавата на лидерот на ВМРО-СДСМ, Христијан Мицкоски дека бил доброволец за време на конфликтот во 2001-ва година.

Мицкоски му одговори на Ахмети кој каде бил во 2001-ва година

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување“, велат од СДСМ преку соопштение.

Мицкоски реагираше на изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и oти Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилија и на луѓето што го опкружуваат на сметка на инвалидите, кои го загубија животот.

Синоќа Ахмети повторно се надоврза на изјавите, порачувајќи дека Мицкоски не бил учесник во војната и „ја гледал само на телевизија“.