Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец во 2014.

Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки, дознава порталот СДК.

Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Настанот се случил од 2014, а пресудата е донесена после 8 години, што за пчеларите од Охрид е уште една апсурдност покрај, како што ја нарекоа, смешната постапка. СДК