Само три држави во Европа со помала минимална плата од Македонија

Според најновите податоци на Евростат од 31 јануари, само три држави во Европа имаат помала бруто минимална плата од Македонија, каде што од јули 2022 година таа е 359 евра.

Помалку им е загарантирана на вработените само во Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во БиХ таа изнесува 300 евра, со тоа што во Федерацијата БиХ е 275, а во Република Српска 300. Албанските работници имаат загарантиран минималец од 298 евра, а косовските од 170, поточно од 130 до 170, зависно од староста.

Веднаш над Македонија во овој поглед е Бугарија со бруто минимална плата од 399 евра, потоа Србија со 460, Турција со 501, Црна Гора со 533, во Хрватска таа е 700 евра, во Грција 832, а во Словенија 1.203.

Неприкосновен европски лидер е Луксембург со 2.387 евра, пред Германија со 1.987, трета е Белгија со 1.955 итн.