Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција чека МВР и Финансиската полиција да постапат во врска со софтверот што го набавил поранешниот ген-сек на Владата Драги Рашковски, јавува РадиоСлободна Европа.

Станува збор за софтвер за „определување на просечна брзина на возила во сообраќај и изрекување на казни“кој Генералниот секретаријат на Владата го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока Гроуп“ кој ниту е инкорпориран во системите на МВР, нити МВР, има план да го користи.

Во писмениот одговор од Обвинителството за РСЕ е наведено дека со интерес ги следат случувањата и информациите во врска со набавката. Во продолжение велат дека нивната задача според законот е да гонат сторители на кривични дела.

„Но, доколку институциите во чиј делокруг на работа е откривање на кривични дела и нивни сторители, не постапат согласно нивните надлежности, тогаш обвинителството ќе постапи согласно член 41 став 2 од Законот за кривична постапка, односно јавниот обвинител сам ќе го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција“, се вели во одговорот.

Поранешниот ген-сек на владата Драги Рашковски, момебнтално е во Мексико на одмор со семејството.