„Кога Македонија аплицираше за членство во ЕУ во 2004 година, Брисел ни испрати порака: ‘Патот до Брисел е преку Охрид’. Го спроведовме Охридскиот рамковен договор, со којшто се стави крај на меѓуетничката криза од 2001 година.

Пред две години ја добивме пораката „Патот до Брисел е преку Преспа“. Го сменивме името (Северна Македонија), затоа што Грција го бараше тоа, и покрај спротивната пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Но, минатата година патот до Брисел повторно се затвори.

Сега Бугарија се намерачи да ја смени македонската траса кон Брисел, овој пат преку Софија. Знаете што? Нема шанси. Знаете зошто? Бидејќи Бугарија сака да го смени македонскиот идентитет, злоупотребувајќи го процесот на пристапување во ЕУ и наметнувајќи сопствена искривоколчена верзија на историјата.

Оваа верзија задира не само во македонската, туку и во историјата на ЕУ, вклучувајќи ги нејзините антифашистички корени. Бугарските неосновани барања имаат повеќе последици врз македoнскиот процес на пристапување во ЕУ, но и воопшто врз процесот на проширувањето. Тие влијаат врз регионот и врз ЕУ, вбризгувајќи отров – потпалување национализам и конфликт, а со тоа ја поткопуваат и стабилноста.

Другите земји членки на ЕУ досега успеваа да ја спречат Бугарија да го наметне овој „нов пристап“ во процесот на пристапување, но не успеаја да ја спречат да го блокира, што доведе до ќорсокак. Во овој момент политиката за условeност е компромитирана, кредибилитетот на ЕУ е изгубен, a со тоа е загрозена во самиот старт новата, т.е. ревидираната методологија за проширување#.

Коулумна на Д-р Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ) за ResPublika

Целата колумна на следниот ЛИНК