Реакции: „Ова со Стојко ќе ви се удри од глава на наредните избори“

Лавина реакции на социјалните мрежи по одлуката на владата, на вчерашната седница да го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Премиерот минатата недела најави дека Пауновски ќе биде разрешен поради „пркосот“ и одбивањето да вработи 35 рамковни, а во таа намера не го разубедија ни инспекторите од ДПИ кои вчера имаа средба со него и кои му доставија петиција со 105 потписи на вработени во ДПИ.