Рашковски се јави откако Обвинителството отвори постапка за неговиот софтвер

Поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски вчера реагираше на веста дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, кој тој го набавил за потребите на Министерството за внатрешни работи,

„Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме да ја вршат надлежноста“, изјави кусо Рашковски за Сител.

„360 степени“ пред десетина дена ја објави првата сторија поврзана со набавката на софтверот а од МВР изјавија дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.

Подоцна, беше откриено дека токму Рашковски е автор на таков сличен софтвер.