Рашковски на одмор во Мексико зашто „никогаш не било поевтино“

„Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини. Ова не е најава од туристичка агенција“, изјавил поранешниот ген-сек на Владата Драги Рашковски во одговор за ТВ24.

„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна.

А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“,- изјави Рашковски.