Рашковски и Николовски добиваат музички честитки (ВИДЕО)

Вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски и екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кои се на одмор во Дубаи и Мексико со своите сопруги добиваат иронични честитки од граѓани откако се откри дека заминале во луксузните дестинации.

Професорката Симона Груевска Маџоска на Рашковски и Николовски им упатува по една аудио честитка.

“Убав помин на Рашковски и среќен роденден на сопругата додека чекаме вакцини во карантин му посакувам со песната:

Професорката истото му го посакува и на Николовски со песната:

Рашковски и Николовски кои се најблиски соработници на премиерот Заев особено последниве месеци се предмет на анализа на граѓаните и институции кои се занимаваат со корупција и криминал.

За Николовски во јавноста се зборуваше за вработувања на негово блиски роднини во институции каде се добиваат огромни плати и за огромен раст од илјадници проценти на приходите на компанија на неговиот брат.

За Рашковски во моментов во Антикорупциската комисија води најмалку една постапка откако трета била прекината под чудни околности пред дваесетина дена.

Уште најмалку други две јавни набавки на Рашковски, покрај набавката на софтверот кој не се користи 8 месеци, се предмет на интерес на повеќе институции.