Пукање на влезот на скопската чаршија, демонстрантите нападнати од група на пат кон Владата (ВИДЕО)

Инцидент се случи вечерва во близина на трговскиот центар Мавровка на влезот на скопската чаршија во Скопје кога млади луѓе почнале да фрлаат со камења по демонстранти кои оделе кон владата на што било возвратена од масата.

На видео снимките се слушаат скандирања и два истрели најверојатно од пиштол а се гледа и размена на камења од двете групи но нема информации за повредени.

Очевидци тврдат дека демонстрантите биле нападнати со камења од плоштадот Скендербег а од таму било и пукано.

Непотврдени сознанија велат дека демонстрантите против Бугаризација на Македонија се припадници на навивачка група на еден скопски фудбалски клуб кои се блиски на една политичка партија.

А пред владата и вечерва огромна маса народ

Поврзано

Има 3 механизми што можат да го решат проблемот и да го елиминираат сомнежот

Го бараат ли МВР и Спасовски агресивниот демонстрант што полицијата не го гиба? (ВИДЕО)