Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи на граничниот премин кај Делчево го пречека тимот за заштита и спасување од пожари на Бугарија.

Станува збор за 25 пожарникари со 6 различни возила, кои ќе се упатат на критичните места опфатени со пожари на координација од ДЗС, објави тој на Фејсбук

Тие веднаш ќе се приклучат на домашните пожарникари, вработени во шумските стопанства, припадниците на Армијата и местното население во најзагрозените опожарени региони.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.