Прекинато гласањето во Сарај каде што е истепан набљудувач

На едно избирачко место во селото Бојане општина Сарај попладнево е прекинато гласањето поради сериозни инциденти и изборни нерегуларности.

Како што брифира една партија на ова избирачко место предходно беше натепан набљудувач на опозициска партија од страна на здружени набљудувачи на две владеачки партии.

Според брифингот на ова избирачко место се подготвувал терен за полнење на кутии и се врши притисок врз избирачкиот одбор.