Правото на вето – главна пречка за проширување на ЕУ

Европската унија нема да го укине ветото на процесот на проширување. Ветото останува бидејќи постарите членки сакаат да имаат целосна контрола над проширувањето. Франција и Германија ни во сон нема да се согласат да немаат право да го одбијат влегувањето на Турција во Европската унија, пишуа „Еуроактив“.

Очигледно е дека Унијата честопати е парализирана при реакцијата на многу појави, бидејќи е тешко да се постигне консензус на сите 28 земји-членки, а од пролет, по Брегзит, 27.

Затоа претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предложи преминување од принцип на консензус кон квалификувано мнозинство при гласање во Советот и кога станува збор за надворешната политика. Јункер го објасни ова со потребата ЕУ да ја зголеми својата способност да зборува со еден глас.

Но, едно е речиси сигурно: ЕУ нема да го укине правото на вето на земјите-членки во процесот на проширување. На тоа нема да се согласат држави како Франција и Германија.

„Значи, долго време, можеби, додека постои Европската унија, секоја земја-членка ќе може да ја попречи земјата-кандидат на патот кон ЕУ најмалку 76 пати и на крајот да ја отфрли“, пишува Еуроактив.

Тоа се и ќе останат правила на клубот – дека за приемот на нова член сите ќе одлучуваат заедно и дека секоја треба