Попоски: „Не е трагедија отворањето на Уставот и впишувањето на Бугарите во него, не треба да се грижиме поради тоа!“

„Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во гостување во летното издание на ‘Клик Плус’ на ТВ21 вели дека ‘отворањето на Уставот и впишувањето на Бугарите во него не претставува никаква трагедија’.“ – објави ТВ 21.

На својот интернет-портал ТВ 21 пишува: „Тоа не трагедија. Ние, како држава, сме се дефинирале дека обезбедуваме определени права за сите и оттука нема причина некого да исклучуваме од тоа. Има многу пофлагранти примери од оној со Бугарите. На пример, во Хрватска нашата заедница е целосно призната, добива фондови од државата, а кај нас не се ни спомнати во Устав и ги немаат тие привилегии.’ – вели Попоски.“

„Ако имаме позитивен и коректен однос од страна на Софија Попоски вели дека не би се грижел, ако Бугарите бидат впишани во Уставот.“

Во ‘Клик Плус’ на ТВ21 Никола Попоски изнесува мислење дека ‘внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единственото барање на Бугарија’. ‘Секако ќе треба време за уставните измени. Но, треба да ни е јасно: може да го смениме Уставот, а повторно да не се одржи меѓувладина конференција, ако имаме тешкотии во однос на останатите барања, засновани врз протоколите.’ – смета Попоски.“

„Поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски вели дека Бугарија целосно ја дефинирала рамката за започнување на преговорите на Македонија со Европската унија. ‘Ние немаме проблем под чие претседателство ќе биде тоа формулирано, имаме проблем со редефинирањето на рамката за водење на преговори. Во нашиот случај рамката за да дојдеме до вистинските преговори е целосно дефинирана од страна на Бугарија, како земја-членка на ЕУ.’ – изјави тој во ‘Клик Плус’ на ТВ21“