Полицискиот час од 22 до 05 часот останува и наредната недела…

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од утре и во наредните денови продолжува полицискиот , но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави

Тој истакна дека претходниот двонеделен полициски час успеал да ја стабилизира состојбата, меѓутоа во текот на следата недела ќе се знаат точните ефекти.

„…ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови“, изјави Филипче за Сител.