Покрај владини институции ,,грчките” хакери нападнале и еден македонски медиум (ФОТО)

Порталот expres.mk е единствениот македонски медиум кој е нападнат од хакери кои себе се нарекуваат „Моќната грчка армија”.

Порталот е нападнат во саботата навечер кога не беше достапен за читателите 7 минути.

За ова хакерската група се пофали на својата Твитер страница.

Хакерската група преку социјалните мрежи објави дека влегле во компјутерскиот систем на македонското Министерство за образование, при што дури беа објавени снимки од наводно „во живо“ влегување во објектот на министерството преку безбедносните камери инсталирани во зградата.

Денеска МОН демантира дека воопшто се случил напад иако групата објави докази дека сајтот на МОН е предмет на хакерски напади.

Порталот expres.mk потврдува дека бил цел на хакерски напад кој бил одбиен за краток пееиод од околу 400 секунди по што порталот продолжил со редовно функционирање.

На форуми каде хакерите ги објаснуваат своите мотиви и техники на хакирање денеска е објавено дека expres.mk е ,,националистички медиум во Скопје” и затоа морал да биде урнат.

Според сајтот statistika.mk каде се мери активност на фејсбук порталот expres.mk во моментов има најголем број лајкови, споделувања и коментари од сите македонски веб сајтови

Вообичаено највлијателен на оваа листа е порталот infomax.mk а expres.mk е постојано во топ три портали со најголем број реакции на социјалната мрежа Фејсбук.